бик

мн. бикови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3773
1. Нескопено говедо што најчесто служи за приплод.
Англиски: bull Албански: dem
Употреба: Зоологија
Примери:
млад бик
разјарен бик
два полудиви бика
2. Многу силен, јак и отпорен човек.
Англиски: bull Албански: dem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ненаситен бик во присуство на жени.
прав бик
3. Зодијачко соsвездие, зодијачки знак од 21 април до 20 мај.
Англиски: Taurus Албански: demi
Употреба: Астрономија
Изведенки
1. бикче ср.
мн. бикчиња
дем.
2. биковски прид.
биковскиот