бекне

бекнат; бекни, бекнете; бекнав, бекнаа; бекнат; (ќе) бекнев, (ќе) бекнеа; (ќе) бекнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 31342
1. За овца, јагне - испушти карактеристичен глас.
Англиски: bleat Албански: blegërij
Употреба: Зоологија
Примери:
Не бекна ниедна овца во трлото.
2. Изусти, прозбори (обично во негација).
Албански: nuk bën zë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ни збор да каже, ни да бекне.
Во тие времиња не смееше да бекнеш.
Изведенки
1. бекнува несв.
бекнуваат
2. бекнување ср.
глаг. им.