безмерен

безмерниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 22282
Што не може да се измери, неизмерен, премногу голем, пресилен; што се пројавува во највисок степен.
Англиски: measureless
Примери:
Безмерна широчина.
Безмерни пространства.
Безмерен копнеж.
Безмерна љубов.
Безмерно богатство.
Безмерни маки.
Изведенки
1. безмерно прил.
Пример: Безмерно страдаше.
2. безмерност ж.