безмерен (прид.)
Отпрвин, тој ја гледа во очите и потоа немоќно почнува да ја гали. Има нешто безмерно очајно и тажно во тоа негово преплашено галење.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
По сонцето сигурно најсветла работа на светот се мајкините очи, нејзината безмерна љубов.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Најголем впечаток ми направи тоа негово безмерно лутање, како да беше птица.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тогаш, на последниот премин од растроениот свет на јавето во безмерното царство на Хипнос, тоа чуствува како оздола, од топлата влажна поетова дланка надоаѓаат широки бранови сомилост и пријателска благодарност.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ти давам ритмика, метрика безмерна. Оргазам сум и настинка за оние кои ми бараат уште првата вечер.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Така, препуштен на струењата на ветерот, тој, Монголфје, и сите други луѓе, можеа да го чујат безмерното дишење на Бога и свечените чекори на Вечноста.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Му ја подадов назад, оти мачно ми беше на душата, и тој ја зеде; погледнав во своите раце и видов дека се извалкани од јаглен и саѓи; срам безмерна ме обзеде, и јас гледав тој да не види, па рацете незабележано ги истрив од црната риза, додека тој вљубено ја вртеше штичката во своите раце и гледаше во непознатите редови со ино писмо.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
При секој залез - излез од стварноста
заоѓање зад хоризонтот
во безмерната зона од слова
задум и ум-ооо-творби
по жестокото удирање на главата
од сводот, од ѕидот
од туѓиот свет.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Прагот на очекувањето е изневерен. Неподнослив шум.
За миг сфаќаш
- немоќта е безмерна пред убоста.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Лукавец, Итрец, Луцифер
Серафим, Караѓоз, Ќориот, Куциот
Грбавиот
Јуда умна преумна
надеж неумерена
(а смертта е без мера
безмерен семир!)
Сило црна нечиста, нечестива
волкодлака
во туѓи светилишта падена
меркана, дебнета грдосијо
те тука си, те не си
мис-миризлива, жуборлива
етерична сфера
малку отров за малку живот
Сѐ
само простодушност не
не понизност, не!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)