белоглав

белоглавиот
Вид збор: Придавка
Ранг: 27374
1. Што има бела, седа коса.
Англиски: white-haired
Примери:
Светлината паѓаше врз свенатото лице на белоглавиот старец.
2. Што има коса без пигмент.
Примери:
Пред куќата си играше со белоглавиот внук.
Од грмушките истрча румено белоглаво детиште.
3. вид орел
Латински: Haliaeetus leucocephalus Англиски: bald eagle
Употреба: Зоологија
Примери:
белоглав орел