бабар

мн. бабари
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 19106
Преправен човек кој на 14 јануари оди по куќите и изведува игри и прави шеги во врска со празникот.
Примери:
Тајфите бабари кои одат низ селата, од куќа на куќа, кога ќе се сретнат, стапуваат во битка.
Од врв планина слегуваат бабари со занишани ѕвонци.
Изведенки
бабарски прид.
бабарскиот
Пример: бабарска тајфа, бабарски обичај, бабарски маски