ами

Вид збор: Сврзник
Ранг: 1791
1. За поврзување зборовни состави и реченици кои се спротивставени.
Англиски: but
Примери:
Тој не јадеше, ами голташе ненаситно.
Тоа не биле девојки, ами недораснати моми.
2. Не само...ами и; сврзнички спој на дистанција со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација.
Англиски: but
Примери:
Таа треба да мисли не само за себе ами и за она девојче што е со неа.