адресант

мн. адресанти
Вид збор: Именка, машки род
1. Испраќач на писмо, поштенска пратка или на порака.
Англиски: addressor Албански: dërgues
Примери:
Адресантот беше непознат.
2. Потписник на меница што повикува на исплаќање.
Англиски: addressor Албански: dërgues
Примери:
Сметководителот е адресант на нашите меници.
3. Испраќач на пораки, исказ, текст.
Англиски: sender Албански: dërgues
Употреба: Лингвистика
Примери:
Со анализата на текстот се определуваат адресантите.