чатал

мн. чатали
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 15215
1. Раздел на дрво, како вила.
Англиски: ramification Турски: çatal Албански: çatall, bigëzim
Употреба: Ботаника
2. Пресечено такво дрво за различни намени.
Турски: çatal
Примери:
Над огнот на два чатала беше обесено котла.
3. Направа за гаѓање од чаталесто дрво со жила што се растегнува и при отпуштањето го исфрла каменот
Англиски: slingshot Турски: çatal
Примери:
Децата гаѓаа птици со чатал.