саат

мн. саати
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1586
1. Единица за време рамна на дваесет и четврти дел од деноноќието.
Англиски: hour Турски: saat Албански: orë
Употреба: Разговорно
Примери:
Се вратија по неколку саати.
Се бореле токму три саати.
половина (пол) саат
Ја чекаше со саати.
2. часовник
Англиски: watch Албански: orë
Употреба: Разговорно
Примери:
Тате му купи саат за родениот ден.
Саатот е точен.
Саатот оди напред.
ѕиден саат
џебен саат
стрелката на саатот
Точен е како саат.
3. момент
Англиски: moment Албански: moment
Употреба: Разговорно
Примери:
Од тој саат му поминале болките.
во овој саат
во истиот саат
4. мера за пат
Англиски: hour Албански: orë
Употреба: Разговорно
Примери:
Селото е далеку два саати.
Изрази
(разг.) Му дојде саатот - дојде некому крајот.
(разг.) Виде (разбра) колку е саатот - сфати, разбра во што е работата, за што станува збор.
Со саати - многу долго време.