womanizer - онтологија

донжуан повеќе

мн. донжуани
Вид збор: Именка, машки род
Заводник на жени, љубовник (според лик од книжевноста).

женкар повеќе

мн. женкари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што претерано им се додворува на жените, што трча по жени.
Употреба: Пејоратив

женскар повеќе

Види и: женкар (м.)
мн. женскари
Вид збор: Именка, машки род
женкар
Употреба: Пејоратив

љубовничар повеќе

мн. љубовничари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што често ги менува љубовниците.
Употреба: Разговорно

љубовџија повеќе

мн. љубовџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што често ги менува љубовниците.

мангуп повеќе

мн. мангупи
Вид збор: Именка, машки род
љубовџија, заводник

прч повеќе

мн. прчови
Вид збор: Именка, машки род
женкар
Албански: përç, kurvar, gjahtar
Употреба: Преносно значење , Разговорно

швалер повеќе

мн. швалери
Вид збор: Именка, машки род
љубовџија, женкар
Употреба: Разговорно