wave - онтологија

бранува повеќе

(се) брануваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Предизвикува бранови на голема водна површина.
Албански: valvitë
За жита и слични растенија - движи како во бранови.
Албански: valvitë
(се бранува) Се движи во бранови.
Албански: valëvitet
(се бранува) Се движи како во бранови.
Албански: valëvitet

вее повеќе

веат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се вее) се витка, се лелее
Албански: valëvitje

виори повеќе

виорат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се виори) Виуличаво се разнесува, се вее во воздухот.
Албански: valvitë

далгува повеќе

(се) далгуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
бранува
Употреба: Разговорно

забранува повеќе

забрануваат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бранува.
Албански: valëvitet

завиори повеќе

завиорат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да виори.
Албански: valëzon

заразмавта повеќе

заразмавтаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да размавтува.
Албански: bëj me dorë, tund duart

лелее повеќе

лелеат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се лелее) Прави лесни движења, наваму-натаму.
Албански: valvitet, dallgëzoj
Употреба: Преносно значење

мавне повеќе

мавнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи еднократно движење со рака или со нешто.
Албански: bëj me dorë

мавта повеќе

мавтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави движења cо раката во знак на поздрав.
Албански: valvitë, bën me dorë
Прави движења во воздухот држејќи нешто в рака (шамиче, знаме, прачка).
Албански: valvitë
Прави движење со некој дел од телото (глава, крила, опашка).
Албански: tund
Употреба: Преносно значење
Се фали, се прави важен со нешто (со диплома, функција, заслуга).
Албански: tund
Употреба: Преносно значење , Разговорно
(се мавта) Се ниша, се виори (на ветар).
Албански: lëkund

намавне повеќе

Види и: мавне (св.)
намавнат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде знак за повикување, за поздрав и cл. со движење на раката или на главата.
Албански: tund dorën, kokën

павка повеќе

павкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
мавта (со лепеза)
Албански: bëj me dorë

плиска повеќе

плискаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За море, река - се бранува и удира во нешто.
Албански: valëvitet
(се плиска) се бранува
Албански: spërkatë

помавта повеќе

помавтаат
Вид збор: Глагол, свршен
Мавта малку, некое време.
Албански: valëvit

поразбранува повеќе

Види и: разбранува (несв.)
поразбрануваат
Вид збор: Глагол, свршен
Разбранува малку, до определен степен.
(се поразбранува) Се разбранува малку, донекаде.

разбрани повеќе

разбранат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да се појават бранови.
Албански: valëvitet
(се разбрани) Почне да се движи во бранови, дојде во состојба на бранување.
Албански: valëvitet

разбранува повеќе

Види и: разбрани (св.)
разбрануваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Направи да се појават бранови.
Албански: dallgëzoj
(се разбранува) Направи да се појават бранови.
Албански: dallgëzohet

разлелее повеќе

Види и: лелее (несв.)
разлелеат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се лелее повеќе или уште повеќе на разни страни.

размавта повеќе

размавтат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне силно со нешто да ниша, клати.
Албански: valëvit, tund
Примери:
Ги размавта рацете.
(се размавта) Почне да се мавта.
Албански: tund, bëj me dorë
Примери:
Алиштата се размавтаа на ветрот.

размавтува повеќе

(се) размавтуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Почне да мавта.

распавта повеќе

(се) распавтаат
Вид збор: Глагол, свршен
Павта со раце и др.
Примери:
Што си се распавтал толку?

распавтува повеќе

(се) распавтуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) распавта

слелее повеќе

слелеат
Вид збор: Глагол, свршен
заниша, заталаси, разбранува
Албански: valëvit
Употреба: Народна поезија
Примери:
(нар. поез.) Дувна ми ветер, повеа, / морето ми го слелеа.