trust - онтологија

аманет повеќе

мн. аманети
Вид збор: Именка, машки род
Доверување на чување или извршување на нешто, потпирајќи се на чест.
Турски: emanet Албански: besim

вера повеќе

мн. вери
Вид збор: Именка, женски род
доверба
Албански: besim

верува повеќе

веруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има доверба во некого или нешто.
Албански: beson

доверба повеќе

(едн.) довербата
Вид збор: Именка, женски род
Верба, сигурност, увереност во искреноста, чесноста, добронамерноста на некого, во неговите способности и стручност.
Албански: besim

довери повеќе

доверат
Вид збор: Глагол, свршен
Задолжи некого со определена задача или функција.
Албански: dorëzoj
(се довери) Каже некому во доверба некаква тајна.
Албански: besim

заверува повеќе

Види и: верува (несв.)
заверуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да верува.

поверува повеќе

поверуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Прифати нешто за вистина.
Албански: besoj

труст повеќе

мн. трустови
Вид збор: Именка, машки род
Вид економски монопол, голема компанија.
Употреба: Екологија