довери
доверат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4114
1.
Задолжи некого со определена задача или функција.
Примери:
Ќе ја прифатам секоја партиска работа што ќе ми ја доверат.
Слично со:
задолжи (св.)
2.
Каже, соопшти некому нешто во доверба, нешто што го држи како тајна.
Примери:
Има работи кои ги знам, но не смеам никому да му ги доверам.
Не би бил адвокат ако не знам да ја зачувам тајната што ќе ми ја доверат.
Слично со:
соопшти (св.)
3.
(се довери) Каже некому во доверба некаква тајна.
Примери:
Ќе ти се довери некој и ти не знаеш што да правиш со тоа.
Можам да им се доверам само ним.
Изведенки
1.
доверува несв.
доверуваат
доверуваат
2.
доверување ср.
глаг. им.
глаг. им.