stretch - онтологија

должи повеќе

должат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се должи) Се развлекува, трае многу долго.
Албански: zgjas

затега повеќе

Види и: затегне (св.)
затегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
одолжува, развлекува
Албански: zgjas, tërheq
Употреба: Преносно значење
(се затега) се одолжува, се развлекува
Албански: zgjas, tërheq

затегне повеќе

Види и: тегне (несв.)
затегнат
Вид збор: Глагол, свршен
За работа, дејство - одолжи, развлече.
Албански: zgjas
Употреба: Преносно значење
(се затегне) За работа, дејство - се одолжи, се развлече.
Албански: zgjas, zvarrit

издолжи повеќе

издолжат
Вид збор: Глагол, свршен
(се издолжи) Се продолжи повеќе од порано.
Албански: zgjat
(се издолжи) Се испружи во легната положба.
Албански: shtrij

испружи повеќе

испружат
Вид збор: Глагол, свршен
Оптегне нешто колку што е долго.
Албански: shtrij, zgjat
(се испружи) Се оптегне.
Албански: shtrihem, zgjatem
(се испружи) Плати нешто (при купување, направена услуга и сл.) или кога треба да се стави потпис.
Албански: harxhohem, shpenzoj shumë
Употреба: Преносно значење , Разговорно

истега повеќе

Види и: истегне (св.)
истегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
истегне

истегари повеќе

Види и: истегне (св.)
(се) истегари
Вид збор: Глагол, свршен
(се) истегне
Употреба: Разговорно

истегли повеќе

Види и: истегли (св.)
(се) истеглат
Вид збор: Глагол, свршен
истегне
Употреба: Дијалектен збор

истегне повеќе

истегнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истегне) Се развлече, стане подолг (за материјал, ткаенина).
Албански: zgjas
(се истегне) Легне, се испружи колку што е долг.
Албански: zgjas, shtrihem

напне повеќе

напнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се напне) се оптегне
Албански: shtrihet

опне повеќе

опнат
Вид збор: Глагол, свршен
За дел од тело - истегне, протегне, испружи.
Албански: tendos
(се опне) Се истегне, се протегне, се испружи.
Албански: tendos

опрчи повеќе

опрчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се опрчи) се испружи, се оптегне
Албански: shtrihem

оптегне повеќе

оптегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да се напне нешто помеѓу двата краја или да се растегне по целата површина (јаже, жица, кожа, мрежа).
Албански: tërheq, zgjat
Испружи, протегне (тело, раце, нозе).
Албански: zgjat, shtrij
(се оптегне) се затегне, се растегне
Албански: shtrëngoj, zgjat
(се оптегне) се испружи, се протегне
Албански: shtrihem

подаде повеќе

подадат
Вид збор: Глагол, свршен
Покаже, издаде надвор или испружи напред дел од телото.
Албански: zgjas, shtri
(се подаде) се испружи
Албански: u shtri

поистега повеќе

Види и: поистегне (св.)
поистегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
поистегне

поистегне повеќе

Види и: истегне (св.)
поистегнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поистегне) Се истегне малку.
Албански: shtrij, zgjas

поодолжи повеќе

Види и: одолжи (св.)
поодолжат
Вид збор: Глагол, свршен
Одолжи нешто повеќе од предвиденото.
Албански: anuloj, shtyej

пооптегне повеќе

Види и: оптегне (св.)
пооптегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Оптегне, растегне малку, во мала мера.
Албански: zgjat
За раце, нозе - оптегне малку, донекаде.
Албански: zgjat
(се пооптегне) Се оптегне малку донекаде.
Албански: zgjas
(се пооптегне) Се оптегне, се испружи малку.
Албански: shtrij

попротега повеќе

Види и: попротегне (св.)
(се) попротегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
попротегне

попротегне повеќе

Види и: протегне (св.)
попротегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Испружи, оптегне малку раце, нозе.
(се попротегне) Се испружи, се оптегне малку.

порастегне повеќе

Види и: растегне (св.)
порастегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Растегне малку, во некој степен.
Албански: tërheq, zgjas pak
(се порастегне) Се продолжи, се прошири малку, донекаде.
Албански: tërheq, zgjas
(се порастегне) Се развлече, се одолжи малку.
Албански: zgjas pak
Употреба: Преносно значење

посегне повеќе

посегнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се посегне) Се испружи за да фати.
Албански: zgjatem për të kap

протега повеќе

Види и: протегне (св.)
протегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
протегне

протегне повеќе

протегнат
Вид збор: Глагол, свршен
спружи, растегне
Албански: shtrij, zgjat
Истегне раце, нозе, снага.
Албански: shtrij
(се протегне) Истегне снага, дел од телото, се тегне.
Албански: shtrij

пружи повеќе

пружат
Вид збор: Глагол, свршен
протегне, простре
Албански: hap, zgjat, tërheq
подаде, даде
Албански: jep
(се пружи) Протегне, простре; менува положба на телото; заземе лежечка положба.
Албански: shtrij

развлече повеќе

развлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Со влечење одолжи, раздолжи.
Албански: tërheq, zgjas
(се развлече) се одолжи
Албански: zgjas

распне повеќе

распнат
Вид збор: Глагол, свршен
За платно, мрежа, шатор - оптегне, растегне од сите страни.
Албански: shtrij, tërheq
(се распне) Оптегне се, растегне се на сите страни.
Албански: hapet

распушти повеќе

распуштат
Вид збор: Глагол, свршен
(се распушти) се растегне, се разлабави
Албански: zgjas

растега повеќе

Види и: растегне (св.)
(се) растегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) растегне

растегне повеќе

растегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Со тегнење направи нешто да стане подолго или пошироко.
Албански: zgjas
развлече, одолжи
Албански: zgjas
Употреба: Преносно значење
(се растегне) се продолжи, се прошири
Албански: zgjas
(се растегне) се развлече, се одолжи
Албански: zgjas
Употреба: Преносно значење

спружи повеќе

спружат
Вид збор: Глагол, свршен
спростре, испружи
Албански: shtrij
Да турне некој (со удар).
Албански: shtyj

стреч повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ткаенина што се растегнува.

тегави повеќе

тегават
Вид збор: Глагол, несвршен
(се тегави) Се протегнува, протегнува мускули.
Албански: shtrij

тегне повеќе

тегнат
Вид збор: Глагол, несвршен
растегнува, протегнува, влече, трга, развлекува
Албански: tërhek Бугарски: тегля
(се тегне) растегнува се
Албански: tërheq
(се тегне) Се протегнува - протегнува мускули (раце, нозе).
Албански: forcon

шири повеќе

шират
Вид збор: Глагол, несвршен
(се шири) Располага со поширок простор отколку што му е потребно; на широко е; многу комотен е; многу слободен е.
Албански: hap, shtrij, komod