а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оптегне

оптегнат; оптегни, оптегнете; оптегнав, оптегнаа; оптегнал, оптегнале; (ќе) оптегнев, оптегнеа; (ќе) оптегнел; оптегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10447
1. Направи да се напне нешто помеѓу двата краја или да се растегне по целата површина (јаже, жица, кожа, мрежа).
Англиски: stretch Албански: tërheq, zgjat
Примери:
Оптегна јаже меѓу двете дрва во дворот за пружање алишта.
2. Испружи, протегне (тело, раце, нозе).
Англиски: stretch Албански: zgjat, shtrij
Примери:
Таа ја оптегна ногата.
3. (се оптегне) се затегне, се растегне
Англиски: stretch Албански: shtrëngoj, zgjat
Примери:
Виде како му се оптегнаа мускулите на неговите здрави вилици.
4. (се оптегне) се испружи, се протегне
Англиски: stretch Албански: shtrihem
Примери:
Сликарот се оптегнал во фотелјата.
Изведенки
1. оптегнува несв.
(се) оптегнуваат
2. оптегнување ср.
глаг. им.