stop - онтологија

блокада повеќе

мн. блокади
Вид збор: Именка, женски род
Затворање на премин или пат за сообраќај.
Албански: bllokim

гасне повеќе

гаснат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прекине, прави да го нема, да исчезне.
Албански: ndërprej

запир повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
застанување, застој, прекин

запира повеќе

(се) запираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Престанува да дејствува.

запре повеќе

запрат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да оди, да се движи, да се одвива некое дејство.
Албански: ndal
Направи да застане некој или нешто, прекине некого или нешто што е, во движење, во работа, во дејство.
Албански: ndaloj
Сопре, спречи нешто да тече.
Сопре, спречи некакво дејство.
Албански: ndalë
Задржи дел од исплата, од пратка и сл.
Албански: ndërprej, pengoj
(се запре) Престане да се движи.
Албански: ndalë
(се запре) Престане да прави нешто, прекине некое дејство.
Албански: ndalem
(се запре) застане
Албански: ndalë

застане повеќе

застанат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек, животно - престане да се движи.
Албански: ndal
За превозно средство - престане да се движи
Албански: ndal
Сопре некого или нешто, натера да го прекине движењето.
Албански: ndal
Престане, запре да се одвива некакво дејство.
Албански: ndal
Запре, задржи нешто некое време во определена положба.
Албански: mban

застои повеќе

Види и: стои (несв.)
застојат
Вид збор: Глагол, свршен
Задржи нешто подолго или некое време во определена положба.
Албански: ndalon, ndërpren

одвикне повеќе

одвикнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се одвикне) Престане со некаква навика, изгуби навики за нешто, се одучи.
Албански: ndërprej

откаже повеќе

откажат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да прави нешто што било навика или вообичаено дејcтво.
Албански: ndaloj

подзамолчи повеќе

Види и: замолчи (св.)
подзамолчат
Вид збор: Глагол, свршен
Замолчи малку, застане малку во кажувањето, во плачењето и сл.
Албански: heshtë
(се подзамолчи) Се замолчи за кратко време.
Албански: heshtë

подзапре повеќе

Види и: запре (св.)
подзапрат
Вид збор: Глагол, свршен
Запре движење на некого или нешто за кратко време за пак да продолжи.
Албански: ndal
Запре малку, за момент.
Албански: ndal
(се подзапре) Се запре за малку, за кратко време.
Албански: ndal

подзастане повеќе

Види и: застане (св.)
подзастанат
Вид збор: Глагол, свршен
Застане малку, за момент, за кратко време.

помине повеќе

поминат
Вид збор: Глагол, свршен
За болка, маки - се сврши, престане.
Албански: kaloj, ndalë

попомине повеќе

попоминат
Вид збор: Глагол, свршен
Обично за болка, болест - престане да боли силно како порано.

прекине повеќе

прекине
Вид збор: Глагол, свршен
Раскине, прекрати, соработка, врска, другарство.
Албански: ndërpres

пресекне повеќе

пресекнат
Вид збор: Глагол, свршен
исчезне, се изгуби, снема
Албански: shterr, stopoj
Употреба: Преносно значење

пресече повеќе

Види и: сече (несв.)
пресечат
Вид збор: Глагол, свршен
Запре, прекине, спречи некакво дејство.
Албански: ndaloj
За вино - запре ферментација.
Албански: ndaloj

престан повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Обично во изразот без престан - постојано, непрекинато, без сопирање.

престане повеќе

престанат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши некое дејство, работа; излезе од некаква состојба.
Албански: ndërprej, ndaloj

секне повеќе

секнат
Вид збор: Глагол, свршен
Одеднаш престане, прекине некакво дејство, активност.
Албански: ndalon
Употреба: Преносно значење

сопре повеќе

сопрат
Вид збор: Глагол, свршен
Запре, спречи нешто.
Албански: ndalë
Запре, спречи нешто да се движи.
Албански: ndalë
Запре, спречи некакво дејство.
Албански: ndalë
Запре, застане на дадено место.
Албански: ndalë
(се сопре) Престане да се движи, застане.
(се сопре) Престане да прави нешто, прекине некое дејство; се запре.
Албански: ndalë

спир повеќе

Вид збор: Именка, машки род
застој, крај
Употреба: Поетски збор
Примери:
Нема спир.

стои повеќе

стојат
Вид збор: Глагол, несвршен
Само во императив - извик, команда со значење: престани или престанете да работиш, да се движиш или да работите, да се движите.
Албански: ndalu / ndaluni

стојалиште повеќе

стојалиштето
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се стои.
Албански: vendqëndrim

стоп повеќе

Вид збор: Извик
Извик како заповед, забрана со значење: стој, застани.
Употреба: Воен термин

стопира повеќе

стопираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
запре, запира, задржи, задржува, прекине, прекинува
Албански: stopoj, ndal

чека повеќе

чекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(во императив) стој, постој, почекај, запри
Албански: ndal