а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

чека

чекаат; чекав, чекаше; чекајќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 165
1. Стои, се наоѓа некаде дури да дојде некој или да стане нешто.
Англиски: stand Албански: qëndron
Примери:
Таа го чекала во собата.
Чекај ме тука, веднаш ќе се вратам.
2. Трпеливо поминува определено време во исчекување да се случи нешто.
Англиски: wait Албански: pret
Примери:
Цела година ве чекав да одговорите, повеќе нема да чекам.
3. Сака, се надева нешто да стане.
Англиски: hope Албански: shpreson
Примери:
Токму тоа и го чекаше тој, па да ја напушти работата.
4. Претпоставува, допушта, верува дека ќе стане нешто; очекува.
Англиски: expect Албански: pret
Примери:
По првиот пораз, можевте веќе да чекате и втор.
Не го чекав тоа од тебе.
5. (само во 3. л.) Стои пред некого нешто што треба да се сврши, да се сработи; му претстои нешто на некого да го врши или да стане нешто со него.
Англиски: expect Албански: pret
Примери:
Сите овие работи тебе те чекаат.
Нови, уште потешки борби нѐ чекаат.
6. Стои, се вртка, се бави, се колеба, се премислува.
Англиски: doubt Албански: dyshon
Примери:
Што чекаш, бегај!
Не чекајте, другари, качувајте се.
7. (во императив) стој, постој, почекај, запри
Англиски: stop Албански: ndal
Примери:
Чекај да поминам, па ќе ти кажам.
Чекај да одам да го прашам.
Изрази
(посл.) Кој чека, ќе дочека.