repeat - онтологија

обнови повеќе

обноват
Вид збор: Глагол, свршен
Повтори, одново преземе, актуализира нешто.
Албански: përsërit

повтори повеќе

повторат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто (кажано, извршено) исто по втор пат или повеќепати.
Албански: përsëris
Во школувањето - остане во исто одделение, клас, година.
Албански: përsëris, ngel
Употреба: Образование

преслика повеќе

пресликаат
Вид збор: Глагол, свршен
повтори, одрази
Албански: përsërit
Употреба: Преносно значење

приповтори повеќе

приповторат
Вид збор: Глагол, свршен
Повтори малку, набрзина, површно.

репетира повеќе

репетираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Спроведува репетиција на нешто, разучува, се готви за публичен настап.
Албански: përsëris, repetoj

репризира повеќе

репризираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врши, изврши, даде, дава реприза.

репродуцира повеќе

репродуцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Обнови, обновува нешто задржано во сеќавањето.
Албански: reprodukoj, përsëris