rain - онтологија

дожд повеќе

мн. дождови
Вид збор: Именка, машки род
Атмосферска појава во вид на водни капки што паѓаат од облаците.
Албански: shi

дожди повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
Врне, паѓа дожд.

заврне повеќе

заврнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да врне.
Албански: bie shi
Падне, наврне дожд, снег.
Албански: bie shi

изврне повеќе

изврнат
Вид збор: Глагол, свршен
(само 3 л.) Врне многу, обилно.

истури повеќе

истурат
Вид збор: Глагол, свршен
(само 3. л.) Падне пороен, силен дожд.
Албански: derdh, bie shi

капне повеќе

капнат
Вид збор: Глагол, свршен
За дожд - заврне малку.
Албански: pikoj
Употреба: Разговорно

плиска повеќе

плискаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за дожд) паѓа
Албански: bie shi

поврне повеќе

поврнат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврне малку.
Употреба: Безлично

подзаврне повеќе

подзаврна
Вид збор: Глагол, свршен
За дожд, снег - врне слабо, малку.

роса повеќе

(едн.) росата
Вид збор: Именка, женски род
Лесен летен дожд.
Албански: shi
Примери:
Паднала роса по поле.