а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

капне

капнат; капни, капнете; капнав, капнаа; капнал; капнат; капнев, капнеа; капнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7740
1. Падне во вид на капка (за вода, солза).
Англиски: drip Албански: pikoj
Примери:
Му се стори како да капна солза од неговите очи.
На стаклата од прозорецот капнаа неколку капки.
2. За дожд - заврне малку.
Англиски: rain Албански: pikoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Вчера капна малку дожд.
Ова лето не капна дожд.
3. За пари, добивка - пристига по малку, но постојано.
Албански: pikon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Одвреме-навреме ќе капне по некоја пара.
4. Се премори, ослабне физички.
Англиски: exhaust Албански: rraskapit, këput
Примери:
Мускулите му капнаа, во нив снага веќе не остана.
Капнаа од чекање.
Во долгите ноќи, иако капната, не спиеше.
Изрази
Ако не врне, ќе капне - ако нема многу пари, ќе има барем по нешто.
Капни - замрзни - за многу студено време.
Да ти капне раката! - (клетва) да ти отпадне раката.
Изведенки
1. капнува несв.
капнуваат
2. капнување ср.
глаг. им.