мн. призми
Вид збор: Именка, женски род
Геометриско тело ограничено со два еднакви многуаголника што лежат во две паралелни рамнини и онолку паралелограми колку што страни имаат многуаголниците.
Провидно тело со најмалку две наклонети површини што служи за прекршување и одбивање на зраците или за разлагање на светлината во боите на спектарот.