hate - онтологија

замрази повеќе

замразат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да мрази, да чувствува омраза.
Албански: urrej
(се замрази) Чувствува омраза.
Албански: urrej

запизми повеќе

(се) запизмат
Вид збор: Глагол, свршен
замрази
Употреба: Разговорно

мрази повеќе

мразат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чувствува омраза кон некого или кон нешто; не поднесува некого или нешто.
Албански: urrej
(се мрази) Чувство на омраза насочено кон самиот себе.
Албански: urrej

намрази повеќе

намразат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие чувство на омраза кон некого.

ненавиди повеќе

ненавидат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува ненавист, омраза кон некого или кон нешто.

омрази повеќе

омразат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика омраза кон некого или кон нешто, направи да биде омразен.
Албански: urrej
(се омрази) Се замрази еден со друг.
Албански: urrej

пизми повеќе

пизмат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мрази некој или нешто.
Албански: urrej
Употреба: Архаизам
(се пизми) Се мрази еден со друг.
Албански: urrej
Употреба: Архаизам , Разговорно