divide - онтологија

дели повеќе

делат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави помали делови, расчлени, расчленува нешто врз некоја основа или мерка.
Албански: ndaj
Направи, прави поделба на категории, групи, класи и сл.
Албански: nëndarje, kategorizim
Направи, прави поделба во едно семејство, раздели, разделува, оддели, одделува од некого или од нешто.
Албански: ndaj
Врши операција делење на некој број.
Албански: pjesëtoj
Употреба: Математика
(се дели) Се раздвои, се раздвојува, се раздели, се разделува на делови.
Албански: ndaj, coptoj
(се дели) Се раздели на групи, категории и сл.
Албански: ndja, kategorizoj

доиздели повеќе

Види и: издели (св.)
доизделат
Вид збор: Глагол, свршен
Издели сѐ, до крај, доподели, разграничи сосема.

издвои повеќе

издвојат
Вид збор: Глагол, свршен
Разграничи, оддели по класи, групи.
Албански: përçaj

израздели повеќе

Види и: раздели (св.)
изразделат
Вид збор: Глагол, свршен
Раздели на сите, толку колку што има за делење.

исподели повеќе

Види и: подели (св.)
исподелат
Вид збор: Глагол, свршен
Подели нешто на многу делови.

комати повеќе

коматат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дели, крши нешто на комати, на парчиња.

оддели повеќе

одделат
Вид збор: Глагол, свршен
Издели нешто настрана од нешто друго или дел од целина.
Албански: ndan

подели повеќе

поделат
Вид збор: Глагол, свршен
Раздели целина на делови.
Албански: ndaj
Врши операција на делење.
Албански: pjestoj
Употреба: Математика

подраздели повеќе

Види и: раздели (св.)
подразделат
Вид збор: Глагол, свршен
Раздели на помали, поситни делови.
Албански: ndaj
Раздели по малку на повеќемина.
Албански: ndaj

поларизира повеќе

поларизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Подвои, спротивстави до крајност.
Албански: përçaj
Употреба: Преносно значење

пораздвои повеќе

Види и: раздвои (св.)
пораздвојат
Вид збор: Глагол, свршен
Раздвои, раздели, оддели малку еден од друг.
Албански: ndaj

пораздели повеќе

Види и: раздели (св.)
поразделат
Вид збор: Глагол, свршен
Распредели, даде секому по дел (наследство).
Албански: përçaj
Употреба: Разговорно
Разедини малку, во некој степен.
Албански: përçaj
Употреба: Преносно значење

пресече повеќе

Види и: сече (несв.)
пресечат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине низ нешто делејќи го.
Албански: ndahet

раздели повеќе

Види и: дели (св. и несв.)
разделат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто на делови.
Албански: përçaj
Внесе разединетост.
Албански: ndaj
Употреба: Преносно значење
Изврши дејство делење.
Албански: daj
Употреба: Математика

разедини повеќе

разединат
Вид збор: Глагол, свршен
Раздели, оддели едно нешто од друго.
Албански: ndaj, përçaj

раслои повеќе

раслојат
Вид збор: Глагол, свршен
Подели, издели посебни социјални, имотни, статусни групи, слоеви во општеството.
Албански: ndaj
Примери:
Окупацијата го раслои населението.

расцепи повеќе

расцепат
Вид збор: Глагол, свршен
За организација, партија, сила - разедини.
Албански: ndahet
Употреба: Преносно значење