dance - онтологија

заигра повеќе

заиграат
Вид збор: Глагол, свршен
За оро, танец - почне да игра.
Албански: kërcej
Употреба: Музика и танц

игра повеќе

играат
Вид збор: Глагол, несвршен
Учествува во изведба на оро, танц и сл.
Албански: vallëzon
Употреба: Музика и танц

меша повеќе

мешаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави движења со телото, во танц или сл. во кое се имитираат движењата на направа при мешање.
Албански: dredhon
Употреба: Разговорно

поразигра повеќе

Види и: разигра (св.)
поразиграат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поразигра) Се разигра малку, во некоја мера.
Албански: luaj, vallëzoj pak

потанцува повеќе

потанцуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Танцува малку, кратко време.

проигра повеќе

Види и: игра (несв.)
проиграат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да игра, да танцува, заигра првпат.
Албански: filloj të vallzoj

разигра повеќе

разиграат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разигра) Почне многу да игра.
Албански: vallëzon, kërcen

танцува повеќе

танцуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чекорење во такт со музиката.
Употреба: Музика и танц

трга повеќе

тргаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за оро) води
Албански: udhëheq