clarify - онтологија

доизрази повеќе

Види и: изрази (св.)
доизразат
Вид збор: Глагол, свршен
Изрази нешто сосема, до крај.
Албански: shpreh në tërësi
(се доизрази) Се доизјасни, го докаже тоа што го мисли.
Албански: shprehë të gjitha

доисчисти повеќе

Види и: исчисти (св.)
доисчистат
Вид збор: Глагол, свршен
доразјасни
Албански: sqaroj
(се доисчисти) Се разјасни добро, сосема.
Албански: sqaroj

доуточни повеќе

Види и: уточни (св.)
доуточнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде поточно, појасно.

кристализира повеќе

кристализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се кристализира) Се изјасни, придобие јасен, конечен облик.
Албански: kristalizohet, qartësohet
Употреба: Преносно значење

објасни повеќе

објаснат
Вид збор: Глагол, свршен
(се објасни) Се разјасни, се расправи со некого, расчисти некои недоразбирања.
Албански: sqaroj

појасни повеќе

појаснат
Вид збор: Глагол, свршен
Пообјасни, направи да стане појасно.
Албански: sqaroj

пообјасни повеќе

пообјаснат
Вид збор: Глагол, свршен
(се пообјасни) Се објасни со некого или еден со друг.
Албански: qartësoj

поосветли повеќе

Види и: осветли (св.)
поосветлат
Вид збор: Глагол, свршен
Објасни, разјасни малку, донекаде.

поразбистри повеќе

Види и: разбистри (св.)
поразбистрат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане појасно, пообјасни, поразјасни нешто.
Албански: qartësoj
Употреба: Преносно значење
(се поразбистри) Стане појасен, се поразјасни.
Албански: qartësohet
Употреба: Преносно значење

порасветли повеќе

Види и: расветли (св.)
порасветлат
Вид збор: Глагол, свршен
Разјасни, испита малку, донекаде или уште малку.

разјаснува повеќе

Види и: разјасни (св.)
(се) разјаснуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разјасни

растајни повеќе

(се) растајнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се растајни) се разјасни

танчи повеќе

танчат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се танчи) Станува се појасно.
Албански: qartësohet