bundle - онтологија

бовча повеќе

мн. бовчи
Вид збор: Именка, женски род
Врзоп со предмети, обично алишта, шамија, чаршаф, скутник и сл.
Турски: bohça Албански: bohçë

вандак повеќе

мн. вандаци
Вид збор: Именка, машки род
Врзоп, сноп, нешто врзано во сноп или куп.

врзанка повеќе

мн. врзанки
Вид збор: Именка, женски род
врзоп
Албански: tufë, deng, lidh

врзатка повеќе

Види и: врзоп (м.)
мн. врзатки
Вид збор: Именка, женски род
врзоп

врзол повеќе

мн. врзли
Вид збор: Именка, машки род
Нешто врзано во крпа.

врзоп повеќе

мн. врзопи
Вид збор: Именка, машки род
Повеќе предмети, нешта што се врзани во нешто или заврзани заедно.

врска повеќе

мн. врски
Вид збор: Именка, женски род
Повеќе предмети, обично еднородни, врзани заедно.
Албански: lidhje

денк повеќе

мн. денкови
Вид збор: Именка, машки род
Количество од предмети, од материјали или од стока врзана, завиткана, спакувана и сл.
Турски: denk Албански: ballë, denk

заврзок повеќе

мн. заврзоци
Вид збор: Именка, машки род
Нешто што е заврзано, врзано.
Албански: lidhje

заврска повеќе

мн. заврски
Вид збор: Именка, женски род
врзулец, врзоп
Албански: tuf, vandak
Употреба: Дијалектен збор

китка повеќе

мн. китки
Вид збор: Именка, женски род
Сноп од растенија или зачини врзани заедно.
Албански: tufë

ракатка повеќе

мн. ракатки
Вид збор: Именка, женски род
Количина жито, трева колку што може да се опфати со една рака.

ракојатка повеќе

Види и: ракатка (ж.)
мн. ракојатки
Вид збор: Именка, женски род
ракатка

сноп повеќе

мн. снопови
Вид збор: Именка, машки род
Голема врска од ожнеани класје.
Албански: demet, duj
Употреба: Земјоделство
Еднородни предмети врзани заедно.
Албански: deng, vandak
Поток, струја од нешто, обично зраци, искри и сл.
Албански: rreze
Употреба: Преносно значење

снопче повеќе

Види и: сноп (м.)
мн. снопчиња
Вид збор: Именка, среден род
сноп
Употреба: Деминутив

топче повеќе

мн. топчиња
Вид збор: Именка, среден род
врска
Албански: tufë, deng
Примери:
Едно топче пари, банкноти (стотки, илјадарки).