џиновски (прид.)
Бев сигурен: сонцето виси на синџир и ноќе се крие од страв пред џиновски лилјаци.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Кога јатото се изгуби зад редот на оревовите џиновски стебла, некаде кон сувиот поток, лисицата ги допре на земја цицките и сети болка од надојденото млеко; го подуши млакиот воздух и појде кон длабочината на шумата барајќи непроодни места за да го прикрие патот до своето легло.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Гледај, рече дрвеното лежиште, и тој виде: џиновски стебла во златноцрвени облеки го држат небото на своите плешки и полека се ослободуваат од својот мртов товар; сончевите млазови бавно ги погребуваат лисјето.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И умираше во густ бамбусов сплет под тешки шепи на џиновски тигар додека над него раснеа небото и восхитениот шепот на африканските ѕвезди.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Инаку ти би видел дека твоите сонувани џиновски стебла се истргнати од корен додека во нивните стеблаци невратно гаснат очи на црвени верверици; инаку ти би видел дека белите гриви на ветровите висат како свенати класја.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Застана крај отворениот прозорец и се загледа со влажен и набожен поглед во ноќта: куќните покриви беа подвиткани `рбети на џиновски мачки, скаменети во своето вечно демнење.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Железниот труп на градската прскалка лазеше бавно како црна џиновска бубачка и влечеше по себе шушкави перки вода.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Далеку, зад или над планините, татнат ви сивилото копита на невидливи џиновски коњи, молснува под нив за миг остра белина...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Капетанот Џек имал кораб коработ - палуба, палубата - џиновско буре.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Едно брадјосано мажиште, целиот во партали поради што изгледаше како полнета џиновска птица, се истурка меѓу луѓето напред.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И двете нозе беа достатно дебели за да можат да го крепат и носат ова џиновско тело.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во твоето малечко исплашено срце се раздвижува џиновски бран.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Над него небесниот свод се затвораше како врата на џиновски хангар.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Кога јатото се изгуби зад редот на оревовоите џиновски стебла, некаде кон сувиот поток, лисицата го допре до земја цицките и сета болка од надојденото млеко; го подуши млакиот воздух и тргна кон длабочината на шумата барајќи непороодни места за да го прикрие патот до своето легло.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А над нив блеска големо око, позлатен жолток од џиновско јајце; удира дожд: веќе нема луѓе и нема живот, сонцето се гасне, утре ќе е парче прегорен јаглен во темница без волчи завивања и без љубовни воздишки во која заглибила лагата на верувањето.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во својата портокалова проѕирност густата течност ќе спѕида се и ќе се стврдне според калапот во куќата во голема зарче за шеш-беш на џиновска дланка, за еден Голијат што ќе дојде од библиската предисторија.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Зеленикави карпи краставо ги кителе ридиштата со пештери и пештерчиња: судбината на скаменетоста ја решетеле џиновски црви што можеби живееле во минатото; тоа луѓето од селото чекор по чекор и со векови навлегувале во земјата, копале и со крвави раце делкале воденички камења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По еден или два часа зад полноќ, кога веќе ни месечината го немала она нужно значење на таинственост, далеку и со острината на рабовите забуцана во неподвижен облак како парче на посребрена лопата во сива и лилава земја над самата земја, ридовите се згуснале, биле исплашено и гровнато кртило на непознати животни, речиси повеќе правоаголници, триаголници и искинати елипси на светлост и сенки отколку скаменети крмници со џиновски стави.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И со склопени очи го гледав зад зелена магла човекот-факел како споулавено трча, а зад него, зад границата на тој настан, се протегаа моите соништа врз почва покриена со кожа на џиновски гуштер.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Џиновската вртелешка го искорна од собата и го отфрли сред ветровит карпест предел, во кој процесија на мажи во бели мантили, се качуваше по оголениот рид.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)