џентлмен (м.)

Келнер, виски! За нас двајца и за оној џентламен, ене, оној долг штрк со жолта врска.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Веројатно млад џентлмен кој нема милост кон парите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А, жените плачат зошто повеќе нема кадарни, сербези мажи, шармантни и галантни заводници, севдалии, внимателни, полни со љубов и разбирање, џентламен и совршен сопруг.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, на моменти Томо знаеше да биде и возвишен џентлмен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се чини, типчето веднаш сфати во што е поентата, се разбира дека имав мобилен и штосот со фиксниот значеше дека ако е фаца од естрадата може барем да биде џентлмен и пред да ми го побара бројот, барем да ме праша како се викам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ваквиот предлог на Ѓорѓе предизвика позитивен ефект кај двете дами кои немаа ништо против галантноста на овој млад џентлмен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како вистински џентлмен тој само ја држеше за рака. Само држење за рака и ништо повеќе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Татко и Камилски, во ритам на балкански џентлмени, на кои им се добро познати обичаите на ритерството на маса, ги допиваа чашките ракија и мастика без да си дотураат додека не ги испијат до дно и со мезето се служеа со усул.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На сите им беше јасно дека ова ќе биде првата и последна игра покер на газдата на арабаџиите со балканските џентлмени.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)