џез (м.)

Радиото запре. Таа нервно почна да го врти копчето. Помина неколку пати со стрелката долж целата скала. Од секаде испрекинати, остри звуци на џез музика...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога девојчињата почнаа да скокаат по бината, и самиот во себе го почувствував истиот оној трепет со кој, во суровите времиња, слушав џез.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тука можат да се слушнат сите музички правци и облици - од барок до модерен џез, од индиски ситар до електронски инструменти.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Поп и џез музичарите несомнено на повеќе начини се поврзани со употребата на марихуаната верувајќи во значајните можности на оваа супстанца во подобрување на креативноста, изведувачките способности и способноста за импровизација, што е многу важно кога е во прашање џез музиката, којашто како музичка форма не е толку изведувачки ограничена во споредба со класичната музика, во која изведувачот мора стриктно да се држи до нотниот текст. 144 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пишуваа прониклива поезија и поетична проза, го сакаа џезот на Афро-американците.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова веќе се случи во ориенталната музика и џезот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Та нели мојата уметност, џезот, е скала потпрена на облак, на небо?!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А јас од неа ќе правам џез, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така, џезот ќе стане универзален дух на планетата, еден вид светска музика на иднината, како што е тоа и класичната музика; формата на џезот е вселенска, универзална, и во суштина – интелектуална, а интелектуализмот не е национален, туку космички.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да слушнеш само како звучи во филхармониски оркестар, или во опера, или во џез музика, а и во сите други видови многу е убава за слушање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Џез коктели, вечер на сангрија – песни ќе се читаат кога клубот ќе затвори. (Во четири по полноќ овде има работа само за палеонтолози.) Џандарите пијат бесплатно или земаат процент од дилерот.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Одеше на театарски, драмски и оперски претстави, на концерти со симфониска и џез музика, на ликовни изложби и промоции на книги; а се подразбира, и на собирите на Друштвото на лекарите како и на семинарите што зафаќаа во неговата област.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Смислуваше некаков компромис, за кој си признаваше дека ќе е малограѓански, со кој синот би ставил в џеб диплома од некој факултет, а сепак би си го задржал како хоби својот мерак по џезот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со првиот самрак долж Булеварот на самракот (како разиграни ноти по петолиние) се движат светлата на илјадници бучни возила, кои потоа се слеваат надолу кон Лонг Бич, неговите би-бап солитери и весели џез- клубови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И не случајно џезот ѝ прилега на Америка како што летен фустан ѝ прилега на убава краковска девојка.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сокриена сензуалност Рафинирана еруптивност Во звуците на една џез мелодија Се раѓа, умира и воскреснува Сака да направи пресврт Во животите на оние како нас Кои зачмаеле во монотонија Во меланхолија Во безидејност Во безцел Во бездејство Во безумие Во безбоштво Во бесмисленост Во безживотност Во бессознание Во бескрупулозност Секој во својата несовршеност Продолжува да верува дека Работи Создава Љуби Постои Зачекорен со наведната глава Не подзапирајќи ни за момент Да се запраша Да погледне Да спознае Една вистина Која не толку длабоко сокриена Искрено чека да ни погледне в очи 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Тројца музичари, на излогот, во сини, глинени африкански панталони со симболи на Земја и Сонце, свиреа нешто помеѓу блуз и џез и изгледаа мирни и задоволни врз купот шарени камчиња кои Пиратот ги собирал од најблиското речно корито.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Стана колекционер на грамофонски плочи и љубител на џез.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во публика Фрчко, Јане Миљовски и пар сподоби шо немаат ни благе везе од џез, а добиле гратиси преку некоја фирма или швалер со цел да ги покажат своите гнасни сурати и да одглумат елита сокривајќи го своето паланечко потекло.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Скотје беше уникатно место каде продавачот на семки и вратарот у дискотека имаа поголем углед од еден писател или џез музичар.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе