џвака несв.
џвакање ср.

џвака (несв.)

Кузман потсмешливо гледаше по неа и се фалеше џвакајќи шматаво.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Правејќи ми пат ја заниша главата во црната забратка и почна да ги џвака зборовите., брзо, гладно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Што чувте?“ љубезно ги праша; наслути - зад него коњот ја начнуваше сламарицата, чиниш ја џвакаше пресувата ноќ. „`Рзнување чувме“ , се згуснаа, се скаменија, пред него, бараа тактика.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Меѓувремено уште џвакаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Е, не е многу дебел, му рекол Мирче, си раскажува Огнен Ѓорго и џвака, фучи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го џвакаш лебот, а ко слама да џвакаш. Мора да чпараш, душа да вртиш. А не е еднаш и двапати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И џвака, како да нема никој, како да е сам во собата. (Тој џвака, а децата подголтнуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од средината, пак, на јули, во неделните денови и во празниците, на коњ или пеша, главите на домаќинствата почнуваа да го обиколуваат полето; триејќи класје меѓу дланките, и, потем, долго џвакајќи ги солупените зрна и топејќи ги со плуканица утврдуваа дали е стасано за жетва.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му помагаше жена му на Мил, а Кала се врткаше крај огнот во дворот, и кога Дукле ќе извадеше нешто од утробата на прасето (џигер, срце, бубрег, сплина) Кала го грабеше и го фрлаше на огнот да го печи; од нестрпливост и лакомост ги џвакаше уште недопечени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
шумот на ветерот или како драматичниот гурманолет станува историја ... кога водачот јавнат на столица пеејќи борбени песни за ноќните коњаници место следбеници слуша еребици зошто одамна не каснал дивеч туку мора секојдневно да џвака леб сирење и пржени пиперки кога сиот озарен довикува да ги стават во сос со кнедли тие следбенициите веќе сто и еден ден пред портата (тука водачот слуша торта и се облизнува над единствениот вкус на детството)во секој зрак што се одбива од полуразурната куќа на старецот откриваат нов збор а оној меѓу нив што го одредија да ја пренесува светлината занесен го носи сонцето во сонот и во здивот што го топли како со него да дишат далечните претходници...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ги џвака огнот гранките, се дели кората од дрвото. 'Ржат коњите, пиштат змиите, и сѐ бега ко без глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како ногавицата да ми каса од ногата, да ми ја џвака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стегам една сламка меѓу заби, ја џвакам, што се вели, и гледам како се преобува Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа како да му мина стравот, касна уште неколку залаци спотерувајќи ги со вино додека тој џвакаше полека, другите крај масата грабеа од парчињата и јадеа со сласт.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зачекорил, застанал. Во мрморењето на луѓето можела да се чуе споулавеноста на стравот дека во ваква ноќ, трескава од свој студ, водата се дави во замрзнатите мочуришта и дека земјата, за да не се распука од глад, им ги џвака заспаните жилички на тревите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Извадив парче скаменет пешник со сламки од торбата на прогонетиот (бев гладен, можев и песок да џвакам) но Никифор Ганевски ми подаде парче црн леб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не, не можев да сум поинаков од другите, со нив раснев и од нив учев, и не верував дека е прв ден на пролетта: минува времето низ мене, ме џвака однатре, ќе се споулавам, мислев и ги бришев солзите на пониженоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Французинот запре да џвака и внимателно го слушаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бонети по некое време зеде едно малечко парче, го стави во чинијата, штулна со двата прсти од него, го погледа како да фаќа нешто гнасно, го донесе полека до носот, го помириса, а потоа го стави в уста, постоја така не џвакајќи го, а потоа откако го изизврти во устата, го голтна со напор.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Киле седнат на едно триножно столче, со софрата пред него и на неа земјената чинија со сув грав и половината сомун леб од сетното месење, јадеше како одвај да џвака, полека некако мрзоволно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Повеќе