џамаданче (ср.)
И штом убаво се развидели, го нагрна кусото, со срма извезено џамаданче, го накриви испегланиот, тукушто донесен од калап фес и, мамурлив од пиењето и неспањето, тргна сам со Бакала накај езерото.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Европа Ах ти прелепа божице што богот наш суров без поштеда и пардон те опаша грубо сега освета слатка ни спремаш судбината ко џамаданче ни ја кроиш и приспивни бајки ни редиш но не во сон сладок ами во очај и летаргија нѐ фрлаш Ах Зевсе ненаситен манијаку сексуален никаквецу од небесна сорта што несреќа на врат ни врза што грев в мозок ни жигоса та ни камшик ни пост велик оттаму не може да го истера Ах милост имај божице сјајна еве на колена клечиме пред портите на домот твој златен петиците ти ги целуваме прошка дај ни за гревот наш древен и прибери нè внатре бар малку тело запустено да одмориме и душа грешна да згрееме подај ни сал трошка од трпезата ти божеска и вечно името твое ќе го славиме и пелтечиме Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
А и ти беше личен во машката носија! – Требаше, со тоа, да ја покажеме древноста и убавината на нашите носии, нашата виталност... – дополни Татко. – Џамаданчето, сето извезено со сребрена срма, уште го чувам.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Пилињата, како што ги викаше девојчињата, во рачно плетени ракотворби изработени од нејзините раце... волнени и во моден стил, слоевито - поткошулче, ролче, џемперче и ткаено џамаданче...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)