џабе прил.

џабе (прил.)

Тоа што си го знае напамет: - Стомниња, бардиња, грниња, уш, ќукш, ги тера магарињата, натоварени со посатки и само вика: стомниња, бардиња, грниња, купете за умрените, за погинатите, вели, за курово здравје гинеа, за ветер во магла, вели, ама мора нешто да ѝ имаме згрешено на мечката од Москва, стомниња, бардиња, грниња, мора да сме ѝ згрешиле, нѐ има секакви ’рчпали, вели, стомниња, бардиња, грниња, не ни е за џабе налутена мечката, вели, не нѐ гледа за ништо напоречки, вели, стомниња, бардиња, грниња, ни пушти шенци, чкрапји и тавтабици и сега чешај се, ако можеш да се досегнеш, стомнина, бардиња, грниња, вели, нѐ остави да нѐ делат ко варена тиква, ко чајчаре, една велка овему, една велка онему.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Море, пичка ѝ мајчина, вели, за џабе зафаќа место на земјава! 23.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЕВДОКИЈА: Џабе Мане. Не ти верувам ни збор.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Те тужев. Џабе. Кадија те тужи, кадија те суди.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како воопшто го издржуваш овој одвратен, бездушен град кој не поседува минимум критериуми и којшто се пали бескрајно бавно и накнадно, ко фитиљ во цртан филм, и сѐ што имаме од него се тие комично гарави лица наутро во огледалото, ко проклети потсеќања дека овде сѐ е џабе и дека немаме шанси?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој разочаран ѝ рекол: Туф, колку се израдував за џабе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По неколку удари пак се исправи и, двоумејќи се, рече: „Ова копање“, вели, „џабе копање, да знаеш!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Заеби ти тоа... Џабе...“ На масата завладеа краткотраен молк.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Џабе им е дипломата на брат ми и штедната книшка на татко ми и на мајка ми кога и тој и тие можат газ да си бришат со нив, оти скоро ни тоалетна хартија нема да има.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Исплука и понавредливи зборови, дека не е достојна ни баба да се нарекува кога дозволува едно седмогодишно дете да ѝ бега од пред очи и знае ли таа дека Острово не за џабе го викаат Острово оти навистина е остров како оној на кој Доне бил сургун, од едната стран Е гулемта река Вардар, а од другата Во гиризут уд кој црпиме вода за пиперките и думатте, вели чиниш плитка вода, ама ако ти го покрива лицето легната исто како да си паднала во најдлабока и Аш, пркнува животот уд теп!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се пулам низ вас како низ неџефски џам, ефендии! Џабе ви е криењето!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не за џабе има во градов девет школи за учење на коранот.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Џабе ви чалми, ефендии! му идеше да им довикне. Сѐ се гледа, сѐ е на видело!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се трудеше да го апстрахира и да не го есапи многу, ама џабе.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
МАРИЈА: Сѐ е џабе. (Пауза.) Сонував дека сум пресечена на две. И кај што е 'рбетот — голем црв. И тој пресечен и се превиткува.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
ВЕРА: Ќе врне. Џабе спростирав чаршафи.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Наравоучение: Добро рекле старите - „Додека не го фатиш со своја рука – џабе“.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Нема повеќе ебавање без пари. Живот даваме, мозок за џабе не даваме. Пари бараме мозок да продаваме.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Револтирана од ова, Зефиќ вели дека „оваа инспекција кај нас за џабе постои“ и со право констатира дека трудовите инспектори, при било каква реакција од работник, само одат кај директорите „на посета и муабет“, попатно го бараат досието и божем прават записник – а сѐ со цел да го прикажат во нивните извештаи и да покажат дека нешто работат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе