ќумур м.
ќумурџија м.

ќумур (м.)

Истрив рака во прашината на ќумурот и ја премачкав мачката преку светлата дамка под увото.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мажите купуваа за мангалите дрвен ќумур.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Уловената риба рибарите ја печат веднаш во мангал, во кој има зажарен дрвен ќумур, а кој се наоѓа во самиот кајак.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стомниња, бардиња, грниња, на ти тебе толку, дај ми мене олку, мора, нешто да сме згрешиле, вели, и царот веќе одел на дрва и на ќумур, вели, сега мечката свирела, а царот играл, стомниња, бардиња, грниња, од ќуспе масло не се вади, и шути за нас на мечката, ја јаде крлеж под опашка, вели, и царот садел компири, стомниња, бардиња, грниња, вика Толе Грнчарот и си шеколка по патот, се оддалува, како подиставен од умот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Доста ни е од такви Дости, вели војводата, зар и разбојници да прибираме, вели, и наредува да го врзиме, да го мочаме. И ние сите му се изредивме. Како да гаснеме запалена вреќа со ќумур.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги наовчиле колите со брат му, со Мирчета, и тргнале на пазар со платици, со плужици, со ќумур...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги пристенчи тие усните негови на тие образите ќумур црни и небричени, ги стегна и забите и така на инатено кога ни викна да мава по тил, по глава, сѐ додека не му побегнавме...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Цревото ја дави метлата, месото чека кеса ќумур од блиската бензиска пумпа, мразот се топи во сѐ што е потопло од него.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Додека се бараше дрвен ќумур по пазарите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Крадел дрва од државната шума, горел дрвен ќумур скришум од падарите, го продавал по пазарите во Скопје и Велес, за сол и газија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога пак ќе земеше Калија, например, да утлеисува, да го разгорува ќумурот во железната утија: или кога ја креваше жешката црепна вадејќи го врз пирустијата табакот со зелник: кога ќе се забревташе толчејќи со ќускијата слануток: или кога ќе се наведнеше полека и растреперено врз ковчегот со невестинската руба во кој сѐ уште имаше дел од чеизот, е тогаш, Бошко гледаше како шафранот од нејзиното лице станува божур, а белузлавите очи како трчаат од далечина и почнуваат да светат како жеравици.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Немавме ќумур ни дрва за огрев, па во зимите седевме завиткани во ќебиња, со капи на главите и ракавици на рацете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И така кога помина и шестата недела, рековме да оди Иљо, кој беше малку пошетан, зашто на времето, пред големиот бој, одеше на печалба – жнеење во Тесалија, а есента, по орање и сеење, одеше во Тракија да прави ќумур.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)