ќор (прид.)

И ак' нему Турчин кажит: „Ѓаур, ќор оласан“, него он да да не докачват с јаловита дума.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Ама, нели во наше Мариово жените се к'т, едвај чекаа мариовците да се жугне некаде оти има женска пола за давање — како сака нека биде! Макар ќора, крива, саката ... Па дури и немата Петкана Арапова се омажи за Трајка Рошајка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
КРТОВИЦА: Без цвикери е како ќор.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Има тој некој план, и нечиста намера, не ќе е само зашто е напиен и ќор.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Што се ќори, и така и така, ама зошто да се и глуви?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На неа, повеќето достојни наследници на солунските браќа и продолжувачи и на нивното дело, ќе се стореа ќори пијани. На 25 Мај се будат приквечер.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Башка вечерва на вестите ќе кажеа дека Влатче те киднапирал и секој ден идел ќор пијан на работа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Парадоксалното персирање...е малце за нив...можеби тие помешани глави знаат, дека секој нивни потег и со најголем ентузијазам и визија ќе ги доведе во ќор сокак, во бездна, од каде никогаш не ќе излезат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)