ќеса ж.

ќеса (ж.)

Таму стои и дека даските се црни, на таванските греди се нишаат пердиња исткајани од пајаците и дека на полицата што била на мојата страна, целата во прав и саѓи, имало две празни конзерви едната со сало а до неа и една книжна ќеса со сол која поради исчаденоста повеќе наликувала на стуткана свинска кожа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се наведна крај себе и од покрај столот крена една најлон ќеса со хартии, која ја носеше со себе уште кога дојде.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше Владе историчарот. Во десната рака и овој пат носеше најлон ќеса со хартии.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги собрав потоа неколкуте отпадоци и ги ставив во ќесата за ѓубре. Правев што ми е најлесно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога доцна попладнето се подготвуваа да си заминат еколозите одеа од група до група и советуваа - сиот отпад да се прибере и во ќеси да се однесе дома, зошто на теренот немаше ниту канта, ниту контејнер.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мислам дека јадеа сендвичи со колбаси или со виршли, а кога ќе загризеа од сендвичот сместен во најлон- ќеса полната уста ја вадеа од најлонот каде што сендвичите беа заштитени и веројатно разговараа за мене бидејќи со главите покажуваа кон тремот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оној што го разочара го паркира џипот и додека автоматската врата на гаражата полека се затвораше, од предното седиште ги извади хартиените ќеси полни со пластични шишиња со природен џус, конзерви со сос од домати, парчиња свежа риба завиткани во мрсна хартија, јајца, вакуумиран леб веќе исечен на парчиња, филтер-кафе, пена за бричење, зелена салата, крем за лице за мажи...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Битно е дека ќесата има точно определена димензија – отприлика 50х30 сантима.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Исто така, не смееш да носиш ни неотворена флаша алкохол ако не е завиткана у хартија и ќеса.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Нема емигрант што не го памети својот прв Божиќ во Новиот Свет: блескави излози со шарени украси со убави предмети со згодни продавачки со мајки и деца со големи ќеси со весели насмевки со дедомразовци што демнат на секој чекор...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Ако случајно го побараат, ќе им најдам друго“, си рече најпосле, тресејќи ја во контејнер големата црна ќеса, и завршувајќи ја втората смена.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Градското ѓубре лета, оргија на пластични ќеси, два денара парче.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Работи што се тркалаат сонцето, од пладне до полноќ; тинејџерки на ролерки на кеј лете; ти, во тревата, кога си весел; портокал испаднат од ќеса во гепек; Сизифовиот камен; количката на скалите во „Крстосувачот Потемкин“; нечија отсечена глава; клопчето на Аријадна; оревчиња на Бадник; капка пот помеѓу големи цицки; фудбалска топка во неуспешно бегство од зелениот терен; една солза, па уште една, па две-три; Големото тркало; годините, и ние со нив.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На грбот имаше направено два отвора и од таму во двете ќеси течеше течноста од белите дробови.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ја грабнав ќесата и се затрчав кон влезот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
4. Секое излегување колата ја полниме со ќеси ѓубре, да не го фрламе во селската река.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
А освен пакетите полни со храна, таа многу често носеше и ќеси полни со облеки и чевли, на кои беа напишани имиња на познати бутици од Champs Elysee.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но секогаш кога за ручек се враќаше дома рацете ѝ беа полни со ќеси.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)