ќеиф м.

ќеиф (м.)

Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Уште поубаво: ништо не се кршеше, ништо не се пустеше и поубав ќејф се правеше.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
СОФРЕ: Седи, море, малу! Не расипувај ќејф. Да речеме уште една песна пак одете.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ако имаш ќеиф да фаќаме рака, да те правам чифлигар. Ем пазарот напред!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Барем во еден миг да си помислил на милионите гладни, на милионите страдни, на милионите во крв што се дават, на твоите несреќни браќа, не ќе си имал совест, мило момче, толку мирно да седиш на таа карпа, да си тераш луд ќеиф.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Малку не ми е јасно, но знам дека е така: на народот треба да му го направиш ќеифот, ама за да го отераш во ќеифот треба прво по глава да го удриш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ја густирав со кејф, залак по залак, наливајќи ја со густо црно вино.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И откако видов дека те нема и откако дознав дека живееш со други жени, ме фати силна жал и јад и со денови и ноќи плачев, и во силната омраза кон тебе што досега ти останав верна додека ти си го тераш ќејфот, во бес и очај, решив и јас да ѝ дадам одишка на душата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ги сака светлината и сенката. Живее по ќеиф, сѐ едно дали грдо или убаво, високо или ниско, богато или сиромашно, возвишено или пропаднато.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во блиска иднина, методите на информатичката технологија, молекуларниот инженеринг, биотехнологијата, нанотехнологијата и квантното дигитално програмирање, можат да овозможат создавање на материја, целосно детерминирана од индивидуалниот ќеиф, стил и сезонската мода.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе им го направи ќеифот на овие двајцата, што само злото во нив ги одржува во живот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кутриот. Да му го направам ќејфот? Барем и човекот ќе биде спасен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зар му е тоа толку по ќејф? Или, баш маката што не му е по ќејф, го прави уште повеќе зол, како лишка што од инает блуе пред котел со бакардан?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама, нешто звукот не ми е убав, не ми е по ќејф, изгледа тој мене не ме сака. Во што ќе е марифетот, знаеш?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зошто брановите праснуваат бесно ама со ќеиф, и го подриваат брегот и бришат сѐ наоколу небаре сѐ сами запишале?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Твојот пат е твојата светост.  Твојот пат сочинет од име и идентитет и другите подзаборавени потценети распродадени за туѓ ќеиф, по сопствена вина - доблести и добра сега и материјалните територијалните егзистенцијалните  сѐ за да бидеш и никој, и ништо и да се рассееш по светот БЕСТРАГА, НЕВРАТ ЏЕНЕМ, ПО ЃАВОЛИТЕ надвор од јазикот...  Но твојата трага - длабоко втисната тетоважа на светот - не е само твоја.  Не скршнувај од својот Дом народе мој!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
По неа имав една Дулчинеја, додуша за разлика од првата, така припроста женичка, ама пусто многу добродушна, но од сожалување не се живее во заедница - ич не ми правеше ќеиф, ич.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Жабата сака од ежот да се чешка со голем ќеиф.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Пушти го на едукација! Знаењето е сила, знаењето е ќеиф!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќеифови! Ама, од нив остануваат само спомени на фотки и ништо друго.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)