ќари (св.)
- Нема многу да ќариш кај мене, денес во нашиот фрижидер има промаја. Сосем празен.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
„Не вревете, Атињани“4
јавните места, амфитеатрите
и пантеоните ги имате за провод
и лесен живот
за парење и галење
слугите не се за отфрлање
ни робовите, млади и помлади
не сте вие, граѓани
од неслобода засегнати
од немаштија и немоќ, напротив
вие гласате, беседите, мезетите
вие освојувате и патувате
наследувате и ќарите
мажи многубожни и безбожни
дури време е, скрасете се
доста пребиравте
меѓу реториката и политиката
меѓу мантиката и математиката
во вештини, о самољуби, доста се огледувавте
се наттрчувавте и надмудрувавте
заговаравте и преговаравте
недоветни доста се правевте:
сиромашните се собираат по плоштадите
агорите и аулите
првин тивки и потем бучни
првин слаби потем силни
првин малку потем многу!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тие на долго и широко расправаат со речникот на кец и двојка и како само за една утакмица ги заебал некој второлигашки анонимус со кој доколку го фателе ќе затнеле некоја од дупките во семејниот буџет или би ги лупнале истите пари на сингл па би ќариле дупло кеш со што би избуткале уште некој месец.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Наутро дневна доза со лоза клиники полни, болни од цироза младо и старо со крвави очи шпирит на пазар уште се точи Господе чувај и носи во рај спаси земја од хоштаплерај и сиот шлајм дегенериран народот твој од вести фрустриран Чувај од вртешки транзициони новинарски гниди и мегафони чувај од подли странски емисари оган да ги изгори блудниците стари Повторно избори и плукачка кампања здодевни флоскули, демагошки срања реформи нови демек ќе прават со локум и кафе гласови да ќарат
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Забраната беше строга и даваше на знаење дека никој од присутните ергени во кино салата не може да ќари девојка по традиционалниот проверен метод - со помош на книжен фишек наполнет со храна за папагали.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
И сега, замисли, невеста од барака (ќарена за време на земјотрес) со теписон, покриен со черга по дијагонала (од практични причини) и тросед обвиткан со најлон и захефтан со патенти како од филмот „Големата грчка свадба“ (од хигиенски причини), од една страна... и младоженец што живее во државен стан, послан со „персијанер“ и мебел од оние 15,16 ЛУЈ, од друга.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)