јужнословенски (прид.)
При допуштањето да се доселија готови јужнословенските народности на Балканскиот Полуостров совршено неосветлено останува прашањето за границите меѓу Бугарите и Србите, особено прашањето со какво население беа населени средновековните: Морава, Кучево и Браничево, или, со други зборови, денешното Кралство Србија?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Словенската, приближно од околу раѓањето на Исуса Христа, се раздели првин: на источнословенска или руска, на западнословенска и на јужнословенска група.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По должината на тој синџир од јужнословенски племиња и наречја како да се образувале 4 јаки јазли, што ќе рече, 4 држави со разни имиња, т.е. словенечка, хрватска, српска и бугарска држава.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Е, добро, ќе ги наречеме јужнословенски танци.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе вклучиме и јужнословенски песни и ора, вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нечистотијата се собира под ноктите и одовде: „Колку црното под ноктите“ - во значење на некое мошне мало количество, но во јужнословенската екумена фразеологизмот се појавува во мошне скратен облик: „нокот“ или „црно“; во делот од западното словенско население квантитативната вредност на црното под ноктите преминува во експресивно-квалитативна оценка: кој има црно под ноктите, тој има грев на душата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во него, решавањето на македонското прашање, македонската емиграција организирана во МАНС го гледала во „обединувањето на трите дела на Македонија во една слободна македонска држава, во заедница со демократските јужнословенски и себалкански нации...“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Уште повеќе се плашеле од опасноста СССР да ги поддржи нивните "експанзионистички аспирации", не исклучувајќи ја можноста идната јужнословенска федерација да го добие Солунското пристаниште како отскочна штица за натамошната советска експанзија кон Турција, што можело како последица да го има елиминирањето на Турција како европска и балканска сила.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Низ романот дефилира и галерија препознатливи ликови на интелектуалци од Македонија, од двете парадигми (конфесионални), но и галерија ликови од јужнословенските и балканските интелектуални средини, кои на овој или на оној начин учествувале во балканското вавилонско прашање.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како што Климент Камилски не можеше да има среќна иднина во тогашната југословенска Македонија, да го добие своето високо место во хиерархијата на повоената власт во Народна Република Македонија, со оглед на својот деклариран просоветизам, тој дури и невин одлежа строг затвор, така и Татко со својата османскотурска диплома по правни науки и албанското емигрантско минато, кој можеше да смета на висока позиција во хиерархијата на власта на нова Турција, не можеше да смета на позиција во новото југословенско комунистичко општество.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)