југоисточен прид.

југоисточен (прид.)

Од дотука реченото се гледа: прво, оти ако по нашите сегашни етнографски сфаќања на Балканскиот Полуостров, особено на централниот и југоисточниот негов дел, т.е. во денешна Србија, Бугарија, Тракија и Македонија имало и има само две словенски етнографски единици – српски и бугарски народ, тогаш тоа уште не значи дека нема, немало и не може да има друга словенска единица, а напротив, дека нејзиното постоење е во пределите на возможното и на реалноста; второ, дека во Македонија нема две јужнословенски народности – српска и бугарска, а напротив дека во неа има само една народност со свои особини, коишто или претставуваат нешто оригинално што се нема ни кај Србите ни кај Бугарите, како што е, да речеме, со многу особини на македонските наречја, или нешто што се има и кај Бугарите и кај Србите или коешто се има само кај Македонците по краиштата на нивната татковина и кај Србите, или пак по нив и кај Бугарите, и дека од тие особини на Македонците, како дел од словенската група народи, најмногубројни, најраспространети, заеднички за сите Македонци, значи и најважни се тие особини со кои Македонците се одличуваат од другите словенски народи: по нив Македонците фактички составуваат одделна и самобитна словенска народност, иако за неа денеска не се зборува во науката и во секојдневниот разговор; трето, дека причината за тоа игнорирање и затемнување на постоењето на македонската народност се крие во постоењето на името „Бугари” во Македонија во етнографско значење и во експлоатирањето со него од страна на Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, според старата добра навика, примена од деда си, се спушти прво до поточето што гргореше на дваесетина чекори под колибата, од нејзината југоисточна страна, и десетина пати се плисна по лицето со студена вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Најстарите примери за конвенционална употреба на пишуваните симболи откриени се на глинени таблички во различни предели на Блискиот исток и југоисточна Европа и потекнуваат од периодот околу 3.500 години пред нашата ера.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За реализирањето на набележаните активности бил задолжен т.н. „истакнат“ дел од четничката врховна команда - Горски штаб 110, формиран во март 1942 година, под команда на мајорот Радослав Ѓуриќ, што ја опфаќал територијата на југоисточна Србија, Косово и Метохија и Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Пролетната воена операција на Козјачкиот масив го опфаќала дејствувањето на германските и бугарските воени и полициски сили против македнските, српските и косовските воени единици во Македонија и југоисточна Србија пролетта 1944 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Не губиме време. Макар што врне ситен дожд, го напуштивме хотелот и, поминувајќи покрај црквата Свети Ѓорги, ја фативме насоката што води во југоисточниот дел на Корча.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Македонија беше водечка земја во југоисточен Балкан во окултизам и врачање.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Како учесници на тркалезната маса биле повикани познати научни и културни работници со потекло од земјите на Балканот и од југоисточна Европа и чија научна преокупација биле земјите од тие простори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сигурно дека советското напредување во земјите на југоисточна Европа не им давало мир на британските политички и воени планери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британските експерти биле свесни дека "Русите не можат да имаат доминантна позиција во југоисточна Европа" и поради тоа ги "користеле движењата предводени од комунистите во Југославија, Албанија и во Грција како средства за да ја остварат својата цел, но не и како неопходно средство само по себе".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во јавниот живот Ласте Думбаровски беше познат по псевдонимот Почесен (како угледен фармацевт, кој донираше во борбата против проституцијата во Југоисточна Европа, тој беше промовиран во рангот на член од надворешниот состав на асоцијациите во Унгарија, Молдавија, Србија, Украина, Бугарија, Црна Гора и Романија), но во потесните кругови за него функционираше прекарот Ридски, според лозата на дедо му Аврам, со длабоки корени во Дрвош, на падините на Баба Планина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)