јоргован м.
јоргованов прид.

јоргован (м.)

А кога дојде пролетта, кога јужниот ветер со топли камшици им ги скрши крилјата на северните ветришта, Синото јоргованче се разбуди.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А Белото јоргованче тагуваше и длабоко се каеше што не го послуша своето другарче, Синото јоргованче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Затоа тоа и не можеше да види како на следното утро Белото јоргованче се закити со бели, бујни цветови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Имаше бела облека и мирисаше на јоргован И чув реброто во нејзината утроба како крцка зашто се делеше на две.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но стрина Спасија уште погласно пиштеше и си ја корнеше косата, зашто од очите на Руса ѝ течеа солзи право прудолу по секотините и право прудолу со секотините се чинеше ќе ѝ истечат и очите со боја на модар јоргован и големи колку филџани, толку што беше огрубена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ама, кога ќе погледнам кон детето, како го поткрева мешето, како си дише накусо, мислам целата соба мириса на јоргован.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На ќор-сокакот на нашата „патека на љубовниците“- споредна уличка со напуштени фабрики - каде што јас го усовршив движењето на прстите со кое за миг се откопчува градникот; зад јоргованите во Паркот Маркет каде што прв пат ме допре преку фармерките и твоите пупки, набабрени под проѕирниот памук, ми се чинеа лилави како јоргованите; на балконот на новиот Театар Кларк каде што си ги избришав дланките од солта од пуканките и ги протнав меѓу твоите бутини, а ти прошепоти, „Се чувствувам како Дорис Деј да нѐ гледа,“ - и тука не го направивме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бранувањето на лавандата низ провансалските полиња силно ме потсетуваше на пролетното цутење на јоргованот во мајкината градина во нашата последна куќа, куќата крај реката Вардар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Живееја едно до друго две јоргованчиња, две другарчиња.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Синото јоргованче не рече ништо. Беше навредено до најситното коренче.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Едно утро Белото јоргованче рече: - Веќе е пролет. Ќе ги пуштам цветовите.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Таму каде што седиш, можеше најинтензивно да ја мирисаш плимата на цутењето: во април, лилавиот и белиот јоргован, во мај, дивиот костен со пирамидалните цветови, дивата маслина и јасминот бел, во јуни, липата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тамам минуваше крај една висока авлија преку која се надаваа бујни јорговани и над којашто се извишуваше трикатна куќа со фасада на којашто преовладуваше избледена сина боја со два балкона искомбинирани од мермер и ковано железо, чу како крцна дрвената порта на горниот крај на авлијата, украсена со ковано железо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И секоја пролет, кога ќе расцутат првите јорговани чија модрина се истура и во Мајкините градини од нашите одамна напуштени куќи, над кои пловат облаците на семејството, меѓу небото и земјата, небаре исто како во сликите на Шагал, во мене се враќа споменот за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во заминувањето на јоргованите, беше сигурно нивното враќање на пролет, нашата илузија за враќањето од егзил, во чија симболика не престануваше Мајка да верува...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога во еден момент погледот му застана врз дрвцето расцутен јоргован, кое прикрај се бореше со правта од ѕидарските работи, лицето на Сандри се осветли: ете го знакот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ја остави бовчата до дрвцето јоргован, близу до камбаната, и им се придружи на работниците.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јоргованот му зборуваше: среќата и извонредната сила ти помагаат во сѐ, ибн Тајко, во сѐ што бараш и сакаш да постигнеш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мирисите на јоргованите но и липите кои почнуваа да се расцутуваат опиваа од сите страни. Отсекаде како да зрачеше едноставна опуштеност.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
За овие две ѕвезди на мјузиклот „Белиот јоргован“ имаше читано во „Илустрација“ дека веќе имаат неколку заеднички филмови, но ова беше прв пат да гледа филм со нив, кој само што започна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повеќе