јајцевиден (прид.)
Главата му беше јајцевидна, под слабата коса светкаа на пладневната горештина капки пот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Многу убаво ги правеше Даскалот буквите. На пример буквата „А“ му беше ископана и чека на една јајцевидна плоча.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Во таа соба, како и под детскиот шатор, Сонцето станува коцка. Месечината јајцевидна...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Јајцевидното сонце со дамки, и тоа некако извртено , се издолжи уште повеќе и со леснотија на гасеница, залази кон својот дом – замок од жива вулканска лава под покрив на созвездија.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Како и вчера јајцевидно, сонцето носеше на едното уво обетка од бел оган.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)