јастак (м.)
Така си помислува тој и рипнува од јастак да ги изненади, да им се јави дека е буден.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- „Така“, - одговара кратко и решено Соколе и самиот оди, го пренесува јастакот и покривачот и постила во дворот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Татко му е дома. Седи замислен на јастак и чури од лулето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Камилски најде меѓу називите за одделни делови на постелата и неколку карактеристични заемки останати во употреба во балканските јазици до денешни дни како: душек, постела (од турски döşek); јорган (од турски yorgan); јастак, јастаче, јастук (од турски уаѕtk); чаршав (од персиски çarşaf) со поширока употреба како чаршаф за душек, за јорган и покривка на маса и слично; калаф, навлака за перница, а во поново време преслека на тапацирани делови на мебелот (од арапски kalif).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)