јаребица (ж.)
Белолики моми од нашите села ќе стрчаат в пролет, јаребици мили, ќе збираат тревки во раката цела.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Со маузер в рака прав чекори сега, јаребица итра, тој — Поповски Лаки, да не речат дека пред аскерот бега, да речат, што не го плашат маки
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
И нему. Види, шо јаребица му паднала на соколот в раце!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ама јаребиче фатил стариот орел! Вели дека досега не видел таква убавина.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)