јазел (м.)
Пијанството, што го носеше крвта, сетена на острината од гладните секачи, завладуваше пред неговите очи над сите тие парталави, тела, а ударите на забите по секој празен заграб ги тераа да завиваат од таа ужасна грозница; беше една глад, кој ништо не беше во состојба да ја утоли; таа растеше со секој дофатен залак, таа побеснуваше во својот лудечки занес, разгорувајќи се, тука, пред неговиот прозорец, а нејзините писоци од болка и од настрвеност говореа и за можноста од тој испреплеткан јазел на крвавото беснило мнозина од нив да излезат и без своите сопствени колкови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше оставен, еднаш за секогаш, сиот оној далечен јазел на безизлезноста; беа изболедувани во сета нивна полнота сите болки, беа преживеани до последната граница на врзувањето сите беспаќа, а сега беше останато само таа отпуштеност, која што можела да му биде и крајот, но која за него ќе мораше да биде нешто друго, со сево ова лелекање и одминување меѓу голите зимни дрвја.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А уште веднаш, штом го изврза последниот јазел за дебелиот пар над своето лице, клепките му се спуштија со ужасна неумоливост.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тука сѐ така се испреплеткува, та се чини дека владее кошмар и дека сè се сврзало во некаков јазел, од кој никој никого не може да одврзе. Но не и на пладне.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ко јазелче ми се заврзува под гушава, во забиве, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тука, со хроничното задоцнување и со поизострени последици се разрешуваше јазелот на противречностите, веќе одболедувани во Европа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Всушност неочекувано ми се прикажа како во филмски кадар дека Пачев е хирургот кој дошол да го размрси јазелот на спомнатата незгода на атлетичарот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Којзнае што требаше да значи тоа тресење на чистите раце што пред тоа го држеа само јазелот на салфетата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Закатанчено и заковано во морски јазли јазлосано со појас на невиност опашано ниту да мрдне, ниту да писне.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
На Ратка Мајка како мајка: и на јаве и на сон севезден ги распетлува јазлите на судбината - тагата ја обликува во скулптура на молкот а сиот вишок светлина му го испраќа на синот единец во туѓина, да му се најде.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Низ мускулните ѕидови продираат неговите слатки зборови, оставајќи траги во јазелот на мостот, оставаа дамки ко запалена цигара врз хартија или допир од машки раце.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Низ мускулните ѕидови продираа неговите слатки зборови и оставаа траги во јазелот на мостот оставаа дамки на запалена цигара врз хартија или допир од машки раце Нож ли беше во темниот мрак каде двете тела разгорени се влечеа?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)