јадливо (прил.)
2. Завист, Сатурне
Се впикуваш во сѐ, насекаде
и во живо, и во мртво
јадливо, отровно
на сон ми доаѓаш
каде не, кога не
и покрај сѐ – молам да те видам.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Фрли го што подалеку, натфрли го
јадливо, разјадливо
- не плукај, подголтни -
да нема мера расцепот
во овој расчепен разговор
јаз-говор, јас-говор
пред овој исплазен јазик
при таа жега во умот
нишан на нишан
јас на ти.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)