ѕвекот (м.)
Истрелот одекна со кристален ѕвекот, како сета ноќ да потрепере со соодветен прекор по своите безбројни, невидливи, полилеи, а после се разнесе во осетливото ехо, многу слично на онаа гладна волчја песна.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Седеше Висар скриен во одајата и се бореше со две неволи: болеста и стравот; а татко му на секој шум и тропот во дворот, на секој ѕвекот на ѕвонецот на вратата, излетуваше со пушката надвор.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На листање весници, ѕвекот на прибор за јадење, пуштање вода ви ВЦ, рамномерно зуење на фрижидер...
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
-Да танцуваме? - предложи самоубиецот. И одеднаш сите како да збудалеа, почнаа да танцуваат на дивјачкиот ѕвекот на гитарата. Иу-иу-ју-иу-иу-ју-ју-ју.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Одајата празна, а диванот ветвен Во пролет рана, со мирис летен Мислите мои – меланхолични звуци Душата моја – ѕвекот на прапорци Во очи си гледам качунка бела Мечтите мои – друга јас ги зела Делата мои пајакова мрежа ги вплела. 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Недефинираниот шум, кој суптилно, но сигурно, ми ги растројуваше нервите кои беа оневозможени да се посветат на дневните обврски, најмногу ме потсетуваше на ѕвекот од топче за пинг-понг, кое непрестајно, во точни временски интервали удираше по некој предмет и се одбиваше од него.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Во собата се слушаше тивкото плачење на Марта, помешано со ѕвекотот на ножот и виљушката кои се тресеа во нејзините згрчени раце и удираа од чинијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)