ѓубреџија (м.)
Ѓубреџиите го собираат ѓубрето и го тркалаат, како сопствен имот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пред да експлодираат кокичињата Се лизнав и паднав и станав и со лопата го фрлав снегот преку рамото на улицата* тркалото шлајфуваше* во машината за перење алишта се цедеше потта од мишките на улицата и смрдеата од устата на ѓубреџиската кола чие тркало шлајфуваше во длабокиот снег* децата дојдоа со везени пиперки и со друг зарзават и со тенџере и со метла небаре ќе прават вештерка а не***
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Да избегаш од родниот крај и да се населиш у град во кој владеат педери, курви, арамии, ѓубраџии, перачи на шофершајбни, накази и разноразни сисајкури сигурно има дубока фројдовска причина.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)