ѓон м.

ѓон (м.)

И мојот добар дедо почнувал да раскажува како чевлињата ќе бидат едни црни, светликави, со скобички по ѓоновите, со врвци што на крајот ќе имаат желевца за провирање во дупките но сепак најубавото на нив ќе биде тоа што таму каде што ќе се врзуваат ќе имаат нашарен преклоп.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ме караа, ме караа: ѓон ми го направија лицето, што се вели, пенџе...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Меѓу нив си ги препознавам и моите чевли со излижани ѓонови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега облекуваше спортски чевли кога тргнуваше на прошетка зашто инаку, кога би носел чевли со цврсти ѓонови, би го следеле пците-скитници со своето лаење долж сиот пат, би се палеле светлата на прозорците од каде би се јавувале разни лица, и целата улица би била вчудовидена штом би видела едно- единствено лице што талка низ празната улица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Знаете, кога бев мал, чевларите од кожа на ајкула и непце од штука правеа ѓонови за зимски обувки.... Заради голомразиците... Некогаш...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Следниот ден од автомобилската гума си изрежа ѓонови за чевли.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зашто улиците беа како еден огромен јазик, и додека луѓето минуваа по нив вкусот на нивните ѓонови се впиваше во длабините на камените пори за да биде испитан со лакмус.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Браво, бе, машко!“ го чув и видов Стојан Козето седнат на триножното столче едно педесетина метри над мене во воздухот, со престилка на себе и шило и чеканче в раце, “ама поќе ништо не ми треба! Сѐ имам дестур!“ и широко насмеан покажа на куповите ѓон до себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
По мое мислење, расказот што го пренесуваме во Маргина, „Ѓон“, е една од најдобрите студии на нашите менталитети, на нашите судири „провинција- центар“, еден бескрупулозен и себе- разоткривачки расказ кој поседува и сила („автентичност“, жестина) и вештина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ја испуштив патната торба и се здрвив. Тогаш се отвори земјата и пред да ме голтне со ѓонот в раце и главата крената горе кон мајсторот, убаво слушнав женски глас и стигнав уште да ја замислам жената како со распуштени коси седи на масичката под препарираната мечкина глава и неопитно липа во првата вдовичка ноќ. okno.mk 79 80 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ова „дело” секако била прва употреба на еден реален предмет на платно: една кондура вметната во паното го покажува својот ѓон на гледачот, продолжува со насликана нога која се губи на хоризонтот и завршува со еден мал поштар гледан од грб, како трча по воз.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На татка си се сеќаваше понејасно, како на темнокос и слаб човек, секогаш облечен во уредни темни алишта ( Винстон посебно се сеќаваше на мошне тенките ѓонови на чевлите на татка си ) и со очила.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За време бугарско почна да се носи кусо, па чевли како налани, оздола дрвени ѓонови.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Стомакот му беше залепен за слабините, цревата му кркореа во празни клобурци, а јазикот му беше пенчетиран со ѓон.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но тие и така мадро си седеа да не носат модро: знаеја дека прават хумор во бесконфликтно општество, беа свесни дека можат да ја критикуваат само соборената класа и дека нема ништо смешно во новата работничка што се регрутираше од селската сиромаштија, им беше укажано на недопирливите теми и имиња - сето тоа тие го имаа во малиот џеб, па сепак од некаде вадеа хумор, од ѓон цедеа лој.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ама овојпат, иако тој не го забораваше оној стар ферман, со оловен печат, дојден од султанот до дедо му славниот Исхак-бег кога овој стана заповедник на Скопје, пишуван со рака и во футрола од ѓон, а во кој султанот умно ги опоменуваше своите намесници да не се перчат многу и да не се подаваат на суетата, зашто да бидеш господар на еден народ е исто што и да седиш на терезија со два таса, тој сепак не ја менуваше одлуката: првин затоа што потурчувањето на ибн Пајко ќе одекнеше силно меѓу колебливата раја, а второ, затоа што и самиот султан, покрај сите совети, даваше и уште еден, кој сега многу му одговараше на Мехмед-паша: „Својата сабја сепак секогаш држи ја остра!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Гладот ли што ги мачеше и нив исто како и џганот, или сликата на гладот што ја гледаа пред себе во партали, боси нозе како ѓон со крвјосани петици, гурелави очи и остри коски како сабји подадени под смрдените кошули на оние што ја преживеале чумата, ги издели некако двајцата од несреќните и ги направи поблиски, иако со сркањето од бакарните чанаци сакаа да покажат, ќајата - дека и покрај човечката слабост тој си е обезбеден пред допирот на несреќата, а тој пак - дека е благодарен и почестен што е со него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имаше притоа Мехмед паша постојано при себе и еден стар ферман со султански оловен печат стасан до дедо му, славниот Исхак-бег, кога овој стана заповедник на Скопје: ферманот беше пишуван со рака и зелено мастило, а дојде во футрола од ѓон, со сребрени скопци, и залепена со восок: не само што постојано го препрочитуваше тој ферман, туку и го учеше на памет.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ѓонот се излижа, се скина, и дупката на десниот чевел особено брзо се ширеше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но сега, во врнежливите дни, тие линии на тротоарот се полнеа со вода, а баш мојата десна нога беше обосена толку, што скоро целиот преден дел од ѓонот отпадна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе