ѓакон (м.)
На првата редовна служба Петко беше ракоположен за ѓакон, утредента за свештеник, и откако владиката го испраша дали ги знае сите поповски марифети, а особено откако ги брои Трајко дваесет и петте златни лири, нашиот Петко ја кладе в џеб „грамотата", си ја наметна шапката што му ја купи самиот коџабашија за спомен и си дојде в село како вистински поп.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Гласот им е ист: писклив и дрдорлив, но едните порано беа вистински попови и ѓакони: носеа брадишта и долги мантиести шинели.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Во тоа време, кога одеа да го собираат владичниот, грчките битолски владици, од страв од ајдути, а и за да го натераат народот да го плати данокот, одеа опкружени со големи тајфи составени од заптии и ѓакони, а Партениј, за оваа пригода, беше се зајакнал уште и со некои свои послушници.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но има неколку години како се припрати, со бројна дружина составена од Турци и ѓакони вооружени со пиштоли, со топузи и со крстови, прилепскиот грчки поп, некојси Хаџи Ташку, Влав, и се натура тој да ги врши обредните работи и околу Водокрстот и околу сите празници во Потковицата - така било од памтивек, вели, сите работи во врска со христијанската вера во Потковицата ги вршеле грчки попови и на грчки јазик.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не личеше на селанец: очи - млади ореви со кора, брадиче црвено и кадраво од уво до уво. Ѓакон, речиси.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Ме повикува врсникот Неделко Шијак, пак шепотел со стиснати шепи на градите божем држи рабови на миросано платно со кое си ја штити душата од отровни повити, но Богоја Гулабарин, Пане Долгманов, Цветко Грнар и Илчо Просинек, веќе се здоговориле ојуначени од ракија да ги здружат сурите волиња во две двоколки и пак во ново јунаштво се клештеле и се подбуцнувале со лакти превесели и за свадба; со сладосни гласови од кои и птици ќе се разбуделе го распрашувале старецот кога ќе се стрчне подмладен и избричен кон цицлестата Фиданка да ѝ го покаже мускулестиот стомак и сѐ друго што е машко на неговата ластареста става; им говорел со ѓаконска самоувереност - Ќе дојде потоп, господ ќе ме држи да не потонам а вие ќе пекате по мене и ќе ме молите ропски рачињата извалкани да ви се држат за учкуров, да ве влечам по бранови и пени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Патрицијот имаше пријатели низ целото царство, и надвор од него – во Новгород, Стефан и Зосима ѓаконот, во Венеција браќата Винченцо и Паоло Пеголоти, чие гостопримство обилно им го возвраќаше кога тие го посетуваа во неговиот дом.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Влезе во црквата стрештен. Повеќе од шеесетина насликани фигури на најистакнати патријарси, епископи и ѓакони го гледаа човека од сите делови околу олтарот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тие зборови монахот му ги упатил на некого од ѓаконите што го оспорувал значењето на запишаното.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)